УРБАНОН Прирачник за агенти

990 ден

4 на залиха

Категорија:

Опис

Дали веруваш во урбани легенди? Што ако ти кажам дека сите урбани легенди се вистинити и дека има агенција чија главна задача е да го испитува паранормалното?

Токму тоа е Агенцијата за Опсервација, Транспорт, Лабораторија и Контрола – ОТРАЛКОН. Нејзините агенти се шетаат меѓу нас неприметно, секојдневно справувајќи се со натприродното со цел да ја заштитат јавноста. Нови хорори се појавуваат постојано, и Агенцијата има потреба од нови агенти.

После Урбанон: Тајните Документи продолжението доаѓа во форма на првата македонска друштвена игра со улоги (tabletop role-playing game). Нешто што го немало досега кај нас, играта е уникатна интерактивна приказна со повеќе играчи и еден Контролор (Game-Master) која главно се игра со разговарање помеѓу играчите и со фрлање на коцки.

Секој играч си има свој карактер претставен на лист хартија исполнет со информации и атрибути. Преку тој карактер и со користење на сет коцки, играчот има удел во здружената приказна во која се наоѓаат сите играчи. Секој играч донесува одлуки за својот карактер, и со тоа влијае на останатите карактери и го менува самиот тек на приказната.

Прирачникот доаѓа заедно со мапа за играње, екран за контролорот, како и карактерни листови за да можете веднаш да почнете со играње! Навлезете во светот на ОТРАЛКОН, станете Агенти и истражувајте урбани легенди, страшни настани и аномалии низ целата територија на Македонија.

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Оценете го производот “УРБАНОН Прирачник за агенти”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *