Posted on

Gaming Weekend во МКЦ!

Настанот ќе се одржи на 23-24/03/2019 во МКЦ (Концерт сала) и ќе се состои од многу содржини, натпревари во друштвени игри, но и релаксирано гејмање и претставување на друштвени игри.

УЧЕСТВОТО НА СИТЕ ТУРНИРИ Е БЕСПЛАТНО!

  •  Главниот настан ќе биде играње на најпознатите светски хитови во борд гејмингот, како и многу други најразлични друштвени игри. Секој што ќе дојде ќе може да игра некоја од многуте друштвени игри кои ќе бидат на располагање, а со самото учество на настанот СЕКОЈ ИГРАЧ станува потенцијален добитник на една од двете супер награди – DIXIT и BLUFF, кои ќе бидат доделени по случаен избор!
    Секој учесник ќе има шанса да добие и маичка, 3Д испринтани фигури и уште многу други супер награди…
  •  Board Game Day – Целодневно дружење/играње на друштвени игри. Донесете своја игра или играјте некоја од игрите што друг ќе ги донесе!
  •  Своjта најнова игри COLOMA ќе ја претстават македонските издавачи Final Frontier Games
  •  Ќе се одржи Државно првенство во една од најпопуларните игри со карти – Yu-Gi-Oh! на кое ќе биде прогласен шампионот на Македонија за 2019 година.
  •  Ќе се одржи турнир во најпопуларната игра со карти во светот – Magic:The Gathering, како и презентација на играта и доделување на бесплатни шпилови за сите оние кои што се уште не знаат како се игра.
  •  Ќе се одржи презентација на игри со минијатури – Warhammer и Blood Bawl. Сите љубители на минијатурите ќе може да дојдат, да поиграат и да дознаат повеќе за ова несекојдневно хоби, кое покрај играње, опфаќа склопување и боење на минијатурите.
  •  Ќе се одржи официјален турнир во најпопуларната онлајн игра со карти – Hearthstone, на кој ќе може сите играчи на оваа игра да се забавуваат, да се запознаат и да се дружат со останатите Хартстоунџии од цела Македонија.
  •  Ќе се одржи турнир во KeyForge една од најбрзо растечките игри со карти во светот. Погодна за сите што сакаат стратешки игри со карти но немаат време за собирање на колекции.
  •  Ќе се одржи натпревар во редење на сложувалки од најпопуларната компанија за пазли – Ravensburger.
  •  Играње на RPG Dungeon & Dragons. Најпознатата игра со улоги во светот (Role Playing Games).
  •  Ќе се одржи натпревар во брзо решавање на Рубикови коцки. Сите љубители на ова супер интересно хоби ќе може да се дружат, но и да се пробаат против најбрзите решавачи на коцки во Македонија.

НАГРАДИ:

  • За настанот со друштвени игри ќе се доделуваат следните две игри:
  • Друштвена игра Dixit, една од најпопуларните игри во светот
  • Друштвена игра Bluff, наградувана и многу забавна игра со коцки
  • На државното првенство во Yu-Gi-Oh! ќе се додели специјален сет – Legendary Heroes Decks.
  • На презентацијата на Magic:The Gathering ќе се доделуваат бесплатни шпилови Меџик.
  • На турнирот во Magic:The Gathering ќе се додели специјален сет – From The Vault: Annihilation.
  • На натпреварот во Hearthstone ќе се додели оригинални награди од Blizzard.
  • На нaтпреварот во KeyForge ќе се додели шпил од оваа игра.
  • На натпреварот во редење сложувалки ќе се додели сложувалка од најпопуларната компанија за пазли – Ravensburger.
  • На натпреварот во решавање на Рубикова коцка за првите 3 места се обезбедени ваучери во вредност од 10$ од SpeedCubeShop. Дополнително шампионот ќе добие коцка MoYu RTS3.

Организатори и главни спонзори на настанот се M3DS Академија за 3D и Game Design и Гоблин Друштвени Игри
Партнери : Final Frontier Games и Македонска Кјубинг Асоцијација / Macedonian Cubing Association – MCA

No photo description available.No photo description available.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *