Posted on

Game Day во МКЦ!

Настанот ќе се одржи на 12/05/2018 во МКЦ (Концерт сала) и ќе се состои од многу содржини, натпревари во друштвени игри, но и релаксирано гејмање и претставување на друштвени игри:

Програма:

  • 10:00 -21:00 Board Game Day
  • 11:00 Yu-Gi-Oh! Државно првенство
  • 12:00 Tabletop minis Warhammer
  • 13:00 Ravensburger Puzzle натпревар
  • 14:00 Pokemon
  • 15:00 Hearthstone турнир
  • 16:00 Magic: The Gathering Standard Showdown турнир

– Главниот настан ќе биде играње на најпознатите светски хитови во борд гејмингот, како и многу други најразлични друштвени игри. Секој што ќе дојде ќе може да игра некоја од многуте друштвени игри кои ќе бидат на располагање, а со самото учество на настанот СЕКОЈ ИГРАЧ станува потенцијален добитник на една од трите супер награди – DIXIT, DIXIT ODYSSEY и LAS VEGAS, кои ќе бидат доделени по случаен избор!
Секој учесник ќе има шанса да се здобие со маичка, 3Д испринтани фигури и доле наведените награди.

– Своите најнови игри ќе ги претстават македонските издавачи Archona Games (Small Star Empires) и Final Frontier Games (Robin Hood & the Merry Men, Rise to Nobility, Cavern Tavern).

– Ќе се одржи Државно првенство во најпопуларната игра со карти за деца – Yu-Gi-Oh! на кое ќе биде прогласен шампионот на Македонија за 2018 година.

– Ќе се одржи турнир во најпопуларната игра со карти во светот – Magic:The Gathering, како и презентација на играта и доделување на бесплатни шпилови за сите оние кои што се уште не знаат како се игра.

– Ќе се одржи натпревар во најпопуларната игра со минијатури – Warhammer. Сите љубители на минијатурите ќе може да дојдат, да поиграат и да дознаат повеќе за ова несекојдневно хоби, кое покрај играње, опфаќа и боење на минијатурите.

– Ќе се одржи официјален турнир во најпопуларната онлајн игра со карти – Hearthstone, на кој ќе може сите играчи на оваа игра да се забавуваат, да се запознаат и да се дружат со останатите Хартстоунџии од цела Македонија.

– Ќе се одржи натпревар во редење на сложувалки од најпопуларната компанија за пазли – Ravensburger.

НАГРАДИ:

За настанот со друштвени игри ќе се доделуваат следните три игри:
– Друштвена игра Dixit, една од најпопуларните игри во светот

– Друштвена игра Dixit Odyssey, нова верзија на Dixit

– Друштвена игра Las Vegas, наградувана и многу забавна игра со коцки

На државното првенство во Yu-Gi-Oh! ќе се додели специјален сет – Legendary Dragon Decks.

На презентацијата на Magic:The Gathering ќе се доделуваат бесплатни шпилови Меџик.

На турнирот во Magic:The Gathering ќе се додели специјален сет – From The Vault: Annihilation.

На натпреварот во Warhammer 40k ќе се доделат специјални бои за фарбање на фигурите.

На натпреварот во Hearthstone ќе се додели оригиналчна фигура од Blizzard.

На натпреварот во редење сложувалки ќе се додели сложувалка од најпопуларната компанија за пазли – Ravensburger.

Организатори и главни спонзори на настанот се M3DS Академија за 3D и Game Design и Гоблин Друштвени Игри.
Партнери : Archona Games и Final Frontier Games

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *