Posted on

Моето прво Меџик Џи Пи (GP Warszawa 2018)-текст на Давор Драмиќанин

— Сефтосав и GP MtG 🙂

Викендов бевме цело комбе играчи (дел со поубавите од нас) на патешествие до Варшава, екипа со која се знаеш со повеќето и си опуштен, а и со тие што не се знаеш, лесно се опушташ. Поздрав до сите, убава дешавка извозевме.

Делот за патот нема да ви го раскажувам, тоа си е приказна сама за себе. Петокот се играше што се играше на сајд ивентите, а Диме ќари и два баја и туце бустери со победа на ГП трајал. Дојде сабота и стигаме кај Експото пред 9 часот сабајле. Кој стартува со бај (Мики Милевски и Владимир „Скарфејс Гоблин“ Трајчевски), кој со два баја (Диме „паупер Змејска Веда“ Меловски) – он нели тепаше трајл -> па и јас ќарив маица за спомен.
Со нула бајс бевме Самоил „Болут Гоблин“ Петрески, Раде „Цигара“ Костадиновски, Марио „картичката“ Ампов, Миле „Доктор“ Тантуровски, Михаил „МеКДоналдс“ Таушанов, Александар „ај запеј“ Панајотов  и јас, Давор „статива Змејска Веда“ Драмиќанин, а Дими „пасош“ Проданов за жал си остана дома, среќа му вратија пари за учество.

— My GRN Sealed deck =  GW wide + cheep pumps + bombs

Иако Селеснаја не ми е омилен гилд во едицијава и ретко на кого му е, кога ќе сретнеш јак и солиден дек, го играш и го вадиш целиот потенцијал од него. Јас отворив 4 реарки во бело зелени бои и уште две црвени, а имаше и многу јаки црни карти но некои од нив бараа BB. Се решив да не сплешам, така често си расипувам некои шанси, па имав дек кој го обликував за да ми е мерак да го играм и да знам како да ги играм.
Ова ми е декот што го регистрирав сабајлето:

После второ коло, почнавме да имаме митинг поинт (собиралиште) на мкд играчи и се разговараше околу дековите, се разменуваа многу добри мислења и искрени совети. Јас сум многу благодарен за тоа и признавам дека после викендов сум поискусен барем за 10% повеќе.
Признавам дека Joined shields ми е непотребена, Pеаcemaker-от е мн подобар, а и слончето е сомнително ама сепак не е лошо магаре до толку. Ама од друга страна, два пати ми се најде Штитот (еднаш ја одбранив Тростани, а еднаш ми помогна кога бев агро за да направам притисок), а откако ја исхејтавме, не ја влечев во првите партии до крај, па ја сајдбордирав во повеќето.
Кога сме кај сајдборд:

Не ми останаа многу GW карти, пошто имаше мн други карти во голгари и димир, ама ни тие не беа доволни за дек. На крај се одлучив да не сплешам ништо, за да не си расипам мана кога веќе можев да стиснам и да останам 23 двобојни карти (не знам зошто пред турниров тој писмејкерот го гледав само ко сб карта… можда ретко ми бил изигран, па не го ценев доволно)… А и дека играв 4 реарки од тие две бои од кои 2 бомби, мислев дека ќе ми треба заштита за нив, па така џоинт Joined shields влезе место тој кричр.

— Бркање Х-2

До седмо коло (од стартни осум) се борев за „ден 2“ и сум горд за мојата прикажана игра, не само со играњето на картите туку и со однесување, култура, смиреност и тн. А еве како ми изгледаа ливчињата после 8 изиграни рунди ☺:

* Тепав прво коло Борош и иако ја изгубив првата, стигнав до две лесни за прва победа на Град При, јеееее!!!


* Во второ коло играв со BGwu контрол, кој два пати ми даде да играм прв. Иако првата го тепав како прв, сепак втората ме исконтролира подобро со некоја карта повеќе.
Затоа третата партија заврши најлудо, кога кажаа да броиме за тајм, бевме 1-1 во партии и со живот 20-13 во моја корист, каде што јас имам повеќе мали creatures, а тој 1-2 големи, а башка извлеков некои пумпања тие последни кругови.
Прв круг тајм, му правам напад со се што имав – поминав за 3 и ми убива неколку, вториот напад (трет круг тајм) успеав да протнам 2 и да изгубам пак некои кричери. Го симнав на 8 и имаше еден трол во игра, а јас имав 3 токени 1/1 лајфлинк. Во рака сочував два пампа (+*/* колку што имаш кричрс, +2/+2 и лајф), имав 6 мана – и требаше да извлечам било кој кричр за 2-3-4 мана за да имам победа. Наместо тоа, во петти круг на тајм ми даде и подобро па извлеков уште еден памп спел +3/+3 со конвоук, за да имам 10 демиџ кои поминуваат – БУМ од нигде никаде три спела изиграни за победа!!!!

* Трето коло глатко си изгубив 2-0 од Словенец /кој започнал со два баја/, кој имаше перфектен димир дек, имаше се’ што треба да има, врв од дек. Не ми падна адреналинот после поразот, зошто после многу вежбање на едицијава (некогаш сам, некогаш со друштвото за меџик), знам дека тој дек е непобедлив ако ти го даде на силд.

Четвртата партија пак некој GBw контрол /и тој беше со два баја/, ама после долга прва партија, победив со подобро „ширење на масата“ при изедначена позиција (почнав да ставам повеќе токени и кричри, да додавам во игра повеќе отколку противникот). Втората партија не му даде мана и лесно стигнав до нова победа и 3-1 вкупно.

Петто коло, RWu agro кој ме претрка за малку првата, ама после стабилно го прегазив следните две. 4-1 и со насмевка од уво до уво носам ливче кон судии и си мавтаме со нашиве.

Со овој 4-1 скор бевме тројца од Македонија, Мики и Диме исто беа во добар ритам. А имаше и неколку со 3-2 кои ржеа многу опасно и беа задоволни од дековите до тогаш (Скар, Ацо, Михаил и Ампов мислам…).

—- Кошмари
Стигаме до Шесто коло /и тука противник има два баја/, рундата кога си ја направив грешката што ме прогонуваше седните две вечери дур бевме во Полска. Борош дек брз нормално, кој го запрев првата и го тепав затоа што се напунив 13 лајф таа партија.

Втората исто, ме стисна квалитетно на старт, на два пати ме симна до 6, првин се вратив со плус 4 и плус 2 после, за да бидам на 8 лајф кога доаѓа оваа ситуација:

Решавам да одам во напад со сите, демек за да го победам следен круг. Каде се’ згрешив тука?
Прво, се напалив ко почетник дека бев чекор до 5-1 и мислев дека веќе сум скоро сигурно пласиран.

Знаев дека ќе нападнам со Ангелот, ќе го менторирам 2/1 first strike за да е 3/2 и да пробива, секако и 3/4 кој минимум се трампа глава за глава со неговиот 4/3. Додека ја мислев ситуацијава, сфатив дека многу ми е битно да се вратам над 8 лајф, па токенот исто мораше да нападне и да се дигнам до 9. Ама па – нападот со токен ме повлече да одам во напад и со другите помали кричери – за да поминам со што повеќе демиџ (иако знаев дека максимумот е да го симнам на 1)…
Исто, многу имав страв од карти кои ги видов првата партија а не знаев дали ги има и сега (на пр. sure strike, хејстери некои, други памп спелови и сл), На тој страв морав да пазам и за комбинација со Gravity punch vo GY, која јако ме збодоле за 4 живот некој круг порано, таман кога почнував да стабилизирам по земја.

Од страв да не ме изненади следен круг од нигде никаде, како пациент се решавам да нападнам за да мора да си даде барем еден кричр, ако не и двата.

Кога веќе декларирав, дечкото си бранеше со 1/1 токен на 3/4 слон и со 4/3 на 2/2 што се пумпа. Вака останува на 1 лајф.
Тука може изиграв сомнително, помислив дека во веќе ваква ситуација на блокирање и познати карти  – подобро е да не го пумпам мојот 2/2 за да му го убијам Дефендерот 4/3, него да оставам мана за да го изиграм еднорогот и да имам еден одтапиран во одбрана (не знам со кој памет не го убив, памтам само дека тогаш направив математика дека гинам на таков борд ако има страјк, па после и гревити – па реков ај да оставам нешто во одбрана).
На негов круг си изигра Lava coil на мојот еднорог, си стави плус1 каунтер на Steam-Kin, напад за осум – јас на 1 живот. Трга каунтери од Steam-Kin и плаќа една мана, за Gravity punch (и дискард некоја бела карта) од GY и ме убива…
После сфатив дека можев истото да го постигнам ако нападнев и само со 3-4, а не со сите 6 кричери – и да си победам следен круг. Ама „после“ е касно веќе ☺
Непотребното залетување и некој страв од гинење во следен круг ме натера да избрзам наместо да изиграм паметно и поспоро…. тоа е…

И нормално, третата правев мулиган и заглавив на два, па одвај стигнав до три мана, но не успеав да се вратам. Па така наместо да бидам 5-1 и да имам следни две кола за win&in, клапнав и резултатски и психички…

Секоја чест на противникот, си изигра максимално точно и си го начека моево сервирање на победа, па на крај завршил на 31 место, со 12 победи (од 15 кола) и со награда од $500. Аирлија да си ги троши.

Седмо коло уште бев во игра и пак BGw контрол дек /овој само еден бај имаше/, ме тепа првата, го тепам втората, па третата одлучува кој останува во игра. На 20-10 во моја корист, почнува да ми игра лудило од карти меѓу кои Враска, Изони и Ритуал за да ме исчисти. Мајндблоу од картишта, а му видов и Ледев, локсодон, римували и тн.

4-3 и чао day 2.

Осмо коло игравме ко без душа двајцата /еден бај имаше/, димир дек со кој пак стигнавме до трета партија, имаше спрајт и Thief of sanity, од кој ќари мој пајак (нормално, мојата одбрана за летачи ќе му ја даде), а после и ангелот… Ама како ми каста мои карти, така правам математика за блокови имајќи во памет ако ја извлечам Тростани, ќе ми се враќаат на крај на круг ☺
И ко за чудо, второто влечење после крадењето на ангелот – Тростани. Гледам една карта држи, со отворена мана… Јбг, мора да ја играм, иначе ја губам и без тоа… каунтер за крај на гранд при и конечни 4-4, 12 поени доволни за 813 место (од 1836 играчи на меин).

На крај на денот, од нашата група играчи имавме двајца 5-3, четворица 4-4, еден 3-5, еден 2-1-5 и 1-3 дроп. Супер ми е чувството и за турнирот и за себеси, свесен дека една грешка може многу да боли, ама горд дека се друго тој ден ми беше како што треба. Задоволен сум од сефтето!

Поздрав,
Давор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *