Magic: The Gathering – Државно Првенство 2017!

Дами и господа меџикџии!
Дојде време за најголемиот турнир во годината – Државното првенство на Македонија!!! Време е да ја одбереме македонската репрезентација која од 1-3 декември во Ница ќе ја претставува нашата земја на Светското првенство во Magic: The Gathering!

На Државното првенство имаат право на учествуво сите оние кои што до 31 мај 2017 имаат освоено 100 Planeswalker поени или може да обезбедат учество преку предквалификациските – Nationaals Qulifiers, турнири што ќе се одржат еден ден пред Државното (сабота 16.09.2017).

Сите кои имаат загарантирано учествo нa државното првенство (преку planeswalker поени) можат да играат на саботните предквалификациски турнири – Nationals Trials, на кои победникот добива еден „bye“ (победа во првото коло на државното првенство), како и промо карта.

Сите учесници на Државното првенство ќе добијат специјална реар промо карта – Inkmoth Nexus, a првопласираните осуммина ќе добијат официјален Top 8 плејмат.

Двајцата финалисти на Државното првенство, заедно со најдобриот играч во Македонија за оваа година – Миро Попов, ќе добијат можност да играат на Светското првенство во Ница (1-3 декември), како и бесплатен авионски билет до таму. На Светското првенство ќе учествуват повеќе од 70 репрезентации.

САБОТА 16.09.2017 КВАЛИФИКАЦИИ

– 12:00ч Квалификациски турнир за државнo – Qualifiers
Специјален турнир наменет за сите оние кои што немаат 100 planeswalker поени а сакаат да играат на државното првенство
Учество: 100 ден.
Формат: стандард (со елиминации)
REL : Competative ( со деклисти), Planeswalker поени х3
Награди: секој учесник добива фул арт промо карта
1. место: учество на државно + Inkmoth Nexus (60 еур на Magiccardmarket.eu)

– 12:00ч Предквалификациски турнири- Trials
(само ако веќе имате 100 planeswalker поени)
Учество: 100 ден.
Формат: стандард (со елиминации)
REL : Competative (со деклисти), Planeswalker поени х3
Награди: секој учесник добива фул арт промо карта
1 место: 1 bye – победа на државно + Inkmoth Nexus (60 еур на Magiccardmarket.eu)

– Цел ден драфт
12:00-19:00ч За сите кои сакаат да играат драфтови
Учество: 500 ден. = 3 бустери
Потребен број на учесници 8
Прво место: 1 Inkmoth Nexus
Рандом : 2 бустери

НЕДЕЛА 17.09.2017

10:00-10:30ч ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО MAGIC: THE GATHERING!

Учество: 700 ден. до 2. септември
Учество: 900 ден. после 2. септември,
Формат: 3 кола стандард/3 кола бустер драфт/Топ 8 стандард
REL: Competative (со деклисти) , Planeswalker поени Х 8
Максимум број на учесници – 26
Награди: 1. и 2. место: Учество во репрезентацијата на Македонија на светското првенство + авионски билет до Ница + 3 про поени (* 3-4 место: 1 про поен)
ТОП 8 – Специјални плејмати

Сите добиваат:
– Inkmoth nexus промо карта
(со моментална вредност од 60 еур на Magiccardmarket.eu)
– 3 бустери за драфт на Државното
– пирамида коцка од Hour of Devastation
– лајфкаунтер од Hour of Devastation
– специјална кутија за чување на карти

* сите кои што се на овој список се директно квалификуваниhttp://magic.wizards.com/en/events/premierplay/2017nationals/invitationlist-6

Join the conversation

TOP

Најава

Направи профил

Вашите податоци ќе бидат употребени за подобро искуство со нашиот сајт, да имате пристап до вашиот профил на сајтот, и се останато опишано во политика на приватност.

Обновување на лозинката

Ја заборавивте лозинката? Ве молиме внесете го вашето корисничко име или е-маил адреса. Ќе добиете линк за да креирате нова лозинка преку е-маил.

Кошничка (0)