Posted on

Државно првенство во Magic: The Gathering 2018!

Дами и господа меџикџии!
Дојде време за најголемиот турнир во годината – Државното првенство на Македонија!!! Време е да ја одбереме македонската репрезентација која од 14-16 декември во Барселона ќе ја претставува нашата земја на Светското првенство во Magic: The Gathering!

На Државното првенство имаат право на учествуво сите оние кои што до 31 мај 2018 имаат освоено 100 Planeswalker поени или може да обезбедат учество преку предквалификациските – Nationaals Qulifiers, турнири што ќе се одржат еден ден пред Државното (сабота 08.09.2018).

Сите кои имаат загарантирано учествo нa државното првенство (преку planeswalker поени) можат да играат на саботните предквалификациски турнири – Nationals Trials, на кои победникот добива еден „bye“ (победа во првото коло на државното првенство), како и промо карта.

Сите учесници на Државното првенство ќе добијат специјална реар промо карта -alternate-art Flooded Strand, a првопласираните осуммина ќе добијат официјален Top 8 плејмат.

Двајцата финалисти на Државното првенство, заедно со најдобриот играч во Македонија за оваа година , ќе добијат можност да играат на Светското првенство во Барселона (14-16 декември), како и бесплатен авионски билет до таму. На Светското првенство ќе учествуват повеќе од 70 репрезентации.

САБОТА 08.09.2018 КВАЛИФИКАЦИИ

– 11:00ч Квалификациски турнир за државнo – Qualifiers
Специјален турнир наменет за сите оние кои што немаат 100 planeswalker поени а сакаат да играат на државното првенство
Учество: 100 ден.
Формат: стандард (со елиминации)
REL : Competative ( со деклисти), Planeswalker поени х3
Награди: секој учесник добива БУСТЕР
1. место: учество на државно + alternate-art Flooded Strand

– 12:00ч Предквалификациски турнири- Trials
(само ако веќе имате 100 planeswalker поени)
Учество: 100 ден.
Формат: стандард (со елиминации)
REL : Competative (со деклисти), Planeswalker поени х3
Награди: секој учесник добива БУСТЕР
1 место: 1 bye – победа на државно + alternate-art Flooded Strand

– Цел ден драфт
12:00-19:00ч За сите кои сакаат да играат драфтови
Учество: 500 ден. = 3 бустери
Потребен број на учесници 8
Прво место: 1
Рандом : 2 бустери

НЕДЕЛА 09.09.2017
10:00-10:30ч ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО MAGIC: THE GATHERING!

Учество: 800 ден.
Формат: 3 кола стандард/3 кола бустер драфт/Топ 8 стандард
REL: Competative (со деклисти) , Planeswalker поени Х 8
Максимум број на учесници – 26
Награди: 1. и 2. место: Учество во репрезентацијата на Македонија на светското првенство + авионски билет до Барселона + 3 про поени (* 3-4 место: 1 про поен)
ТОП 8 – Специјални плејмати

Сите добиваат:
– alternate-art Flooded Strand промо карта
– 3 бустери за драфт на Државното првенство

* сите кои што се на овој список се директно квалификувани
http://media.wizards.com/2018/files/MAC.WAL6.26.pdf

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *