|
|

Историјата на Равенсбургер почнува во 1883 година кога младиот продавач на книги, Ото Маер, го потпишал првиот договор со писател и решил да основа издавачка куќа во југозападниот германски град Равенсбург. По првите неколку едукативни изданија, Маер решил целосно да се посвети на идејата дека играта го стимулира развојот на децата. Набргу била основана компанијата Ото Маер и била издадена првата друштвена игра Пат околу светот. Играта била многу квалитетно изработена, а се базирала на популарната книга на Жил Верн. Во следните неколку години биле објавени стотици книги и друштвени игри. Денеска компанијата Ото Маер прерасна во интернационалниот трејдмарк познат како Равенсбургер. Едукацијата и забавата остануваат примарната цел во развојот на сите производи на Равенсбургер. “Читање, учење, играње, смеење - тоа е Равенсбургер“. |
|
|
|
|
|
Видови на игри
|
|
|