|
 Yu-Gi-Oh! е најпопуларната игра со карти во светот од жанрот ТCG (Trading Card Games), со 18 милијарди продадени карти. Играта е базирана на истоимената популарна цртана серија. Yu-Gi-Oh! првпат се појави во 2002 година, а е создадена од јапонскиот автор Казуки Такахаши.  Играта е стратегија и се состои од дуел меѓу двајца маѓепсници, кои со помош на своите застрашувачки чудовишта, моќни магии и ненадејни замки (содржани во картите) се обидуваат да го совладаат својот противник.
Yu-Gi-Oh! ги комбинира колекционерските карти со стратегиска игра. Секој од играчите си прави своја колекција на карти со купување на Structure deck-ови и booster-и, но и со размена со другите играчи може да го создаде шпилот кој го посакува. Денес, во целиот свет се организираат огромни турнири, светски првенства и најразлични натпревари за разни возрасти. Во Македонија, единствен официјален дистрибутер и организатор на официјални турнири е Гоблин, каде што секоја сабота најдобрите дуелиисти во земјава ги одмеруваат силите во оваа стратегиска игра. Секоја година, во пролетниот период, се одржува Државното првенство на Македонија во Yu-Gi-Oh!. Државно првенство на Македонија во Yu-Gi-Oh! 2009
|