Што е Magic the Gathering? PDF Печати Е-пошта

 

 

Ти си овде затоа што сакаш да научиш како се игра Magic:The Gathering, најдобрата игра со карти во светот. Оваа игра е прва Trading Card Game (TCG) игра воопшто објавена (1993 година) и се уште е најдобра и најраспространета.

 

Во играта Magic, ти си во улога на Planeswalker - волшебник кој се бори против други волшебници за слава, моќ и освојување. Твојот шпил карти ги претставува сите твои оружја со кои располагаш. Ги содржи магиите кои си ги научил и суштествата кои можеш да ги повикаш да се борат за тебе. 

 

Magic:The Gathering ги комбинира колекционерските карти со стратегиска игра. Никогаш не знаеш што ќе ти се падне во едно пакетче Magic карти (booster). Почнуваш колекција и се менуваш со други играчи за да ги добиеш картите кои ги сакаш.

 

Најдоброто нешто во Magic е што оваа игра постојано се менува. Си смислуваш и си составуваш свои уникатни шпилови и секоја партија што ја играш е различна. Секоја година се објавуваат по неколку нови Magic едиции кои носат нови начини за победа на твоите противници.

 

  

Боите во Magic

Играчите на Magic составуваат свои шпилови, одбирајќи карти кои им одговараат на нивниот карактер и стратегија. Составувањето на Magic шпил најчесто се фокусира на искористување на моќите кои се содржани во петте бои на мана (енергија) во светот на Magic.

 

Бела: Боја на правдината

Белите волшебници користат супериорна тактика, ефикасни суштества и моќта на добрината против своите непријатели. 

 

Сина: Боја на мудроста

Сините волшебници се концентрираат на искористување на своето супериорна мудрост за да ја добијат контролата во битката и полека да преминат во целосна офанзива. 

 

Црна: Боја на амбициите

Црните волшебници се способни да направат се што е потребно за победа, дури и ако тоа значи да жртвуваат се што имаат. 

 

Црвена: Боја на хаосот

Црвените волшебници се обидуваат да стигнат до победа колку е можно побрзо и подраматично, кршејќи и горејќи се што ќе им се најде на патот на брзата победа. 

 

Зелена: Боја на природата

Зелените волшебници ги добиваат дуелите преку огромната сила на природата, повикувајќи џиновски суштества за да ги згмечат противниците.  

 

Која боја ќе ја избереш? Тоа зависи само од тебе!

 

 

Научи да играш - кликни тука или дојди во Гоблин и земи си бесплатно CD.

 

 

 
stefan spasovski