Што е World of Warcraft Trading Card Game?

 

World of Warcraft Trading Card Game (WoW TCG) е игра со карти која успешно ги доловува сите аспекти на својот online роднина. Ова е дуел кој се фокусира на борбата помеѓу двајца херои, управувани од страна играчите. Во таа борба играчите  употребуваат најразлични средства кои ќе им ја донесат победата: разновидни сојузници (allies) од сопствената фракција (Хорда или Алијанса), оружја, магии и слично, кои се содржани во картите. Исто така, тука е и елементот на исполнување на разни задачи (quest-ови) кои носат дополнителни добивки.

WoW TCG ја комбинира стратегијата со колекционерскиот елемент, создавајќи неверојатно интересна и забавна игра. Секој играч се обидува со помош на својот шпил да го совлада противникот, кој исто така има направено свој сопствен шпил. Поради тоа што постојано изегуваат нови едиции со различни карти, можностите за креирање на најразлични шпилови се бескрајни.

WoW TCG се продава во облик на шпилови (decks), чија содржина може да се менува според креативноста и потребите на играчот. За таа цел служат дополнителните пакетчиња со карти (boosters).

 

 

 

 

 

Нешто што ја разликува WoW TCG од сите други игри со карти се специјалните Loot-карти кои имаат влијание и врз World of Warcraft Online играта. Tие содржат специјални кодови, кои се на самата карта и се откриваат со гребење. Со нивно внесување во компјутерската игра, играчите можат да се здобијат со разни погодности за својот лик (табарди, маунтови,...). Овие погодности се ексклузивни и можат да се добијат само преку играта со карти! 

 

 

 

 

 

  

 

 

 

Популарните Raid-ови (од online играта) исто така се среќаваат и во WoW TCG. Тоа вториот начин на играње на играта - неколку играчи со своите шпилови заеднички се обидуваат да победат специјален Raid deck и доколку успеат да го совладаат тој им носи на победниците специјални treasure карти.

 

Научи да играш , преку online demo-то!

 

 

 
stefan spasovski