|

World of Warcraft Miniatures е игра која на еден забавен и динамичен начин ја доловува возбудливата атмосфера на својот популарен on-line роднина, преку битки со минијатури одбележани со познатиот квалитет, карактеристичен за производите на Blizzard Entertainment.
Станува збор за стратегиски дуел, кој се одвива на едноставна хексагонална мапа со разновиден терен. 
Битката во WoW Minis се води помеѓу две групи, кои можат да содржат од две до пет фигури од иста фракција. Покрај добро познатите (од on-line играта) Хорда и Алијанса фракции, тука е вметната и Фракцијата на Чудовиштата (Monsters).  Секоја фигура има и своја карта на која се наведени нејзиното име, класа, раса и статистики (напад, одбрана, специјални способности и т.н.).

Постојат и дополнителни оружја, опрема, магии и др., прикажани исто така преку карти “во сопственост” на ликот.
Фигурите во WoW Minis ги има во таканаречени Starter set-ови, кои содржат четири фигури и се друго што ви е потребно за почеток (мапа, коцки, упатство...). Дополнителни фигури можат да се добијат од таканаречените booster-и, кои содржат три фигури. Можностите за комбинирање на разните фигури во армии се речиси неограничени. Умешноста може да се провери на компетитивни настани (турнири), кои се одржуваат барем по еднаш во неделата во Гоблин.
|