|
|

Застрашувачки гласини се шират како шумски пожар: земјата е жива. Се движи. Лови. Убива. Ова е неверојатно дури и за вообичаениот хаос на Zendikar. Ова е позастрашувачко и понасилно отколку било што досега видено. Преплашен истражувач се вратил во Експедициската куќарка во Акум тврдејќи дека видел како карпа оживеала пред неговите очи и ја нападнала неговата дружина. Единствената преживеана од археолошка експедиција едвај стигнала до Хадатаун, а сите членови на нејзината група бие распарчени од суштество оформено од самата шума. Глутница вампири се повлекле во градот Малакир за да избегнат живо мочуриште кое голта се што ќе му се приближи.  Наскоро беше јасно – земјата во Zendikar се буди. Како да ја зафатила некаква болест и како систем на самоодбрана, реагира насилно за да ја отфрли инфекцијата. Земјата голта огромни шуми само за да се појават како праисториски елементали. Во Акум, крда камени ѕвeрови се раѓаат од карпите и се спуштаат по планината. Овие потомци на земјата се смртоносни, гневни и со намера да усмртат се што ќе им застане на патот. Ова е нова опасност, но никој не е сигурен што ја предизвикало оваа реакција. Некои мерфолци тврдат дека ограбувањето на древните рушевини ги разлутило боговите. Коровите бараат одговори во светите лози на нивните предци. Разните племиња на елфовите се обвинуваат меѓу себе. Вината се префрла меѓу раси и населби. Соочени со нови, мистериозни опасности, меѓу населенето се шири страв и несигурност. Следната недела: Опасни рушевини |
|
|
|