Majestic Star Dragon
Големиот нов чекор кој Konami го зеде се новите Majestic верзии на најпосакуваните Synchro чудовишта. Како преставник на оваа група ќе го разгледаме Majestic Star Dragon. Оваа карта претставува супер верзија на стариот добар Stardust Dragon. Ефектите кои ги има оваа карта се одлични. Прво го има ефектот на Stardust Dragon, но со екстра бонус да уништи се на противничкото поле. Вториот ефект е исто така многу добар, т.е. да негира ефект на противничко чудовиште за еден круг и во исто време да има право да го искористи неговиот ефект. Вака кога се чита, оваа карта изгледа како да е една од најдобрите карти досега!

Но, сега доаѓа лошиот дел. За оваа карта да ја повикате на поле треба да извршите Synchro повикување во кое ќе ги употребите Stardust Dragon и новиот мал tuner, кој се користи само за оваа пригода, Majestic Dragon. Некој ќе рече па и не е така страшно да се добие овој ѕвер на поле со напад од 3800. Но проблемот е што Majestic Star Dragon е 10-ти левел, а картите кои се задолжителни за негово повикување се 8-ми левел и прв левел. Заедно тоа е девет и недоволно за негово повикување, што значи дека ни треба уште едно прв левел чудовиште или па да употребиме spell карта која ќе го зголеми нивото на едно од чудовиштата за еден и така ќе дојдеме до бројот 10. Иако веќе работите не одат во прилог на Majestic Star Dragon, за жал ќе станат уште полоши. Вториот лош ефект на Majestic Star Dragon вели дека на end-фазата треба да го вратите Majestic Star Dragon во екстра декот и да го повикате Stardust Dragon на негово место од гробиштата. Значи по сите тие маки да се повика го имате на располагање еден круг и потоа го заменувате со Stardust Dragon. Едноставно речено, ако го извадите на поле подобро да ја заврши партијата во тој круг или сте платиле навистина висока цена во изиграни карти.
Guardian Eatos
Guardian Eatos како карта не само што има одличен цртеж, туку оваа карта има и одличен ефект. Вистинско освежување за Fairy темата на карти. Првиот дел од ефектот на Guardian Eatos ни дава опција да го special summon-ираме ако во гробиштата немаме чудовишта. Одличен ефект во раната фаза на играта или за сите шпилови кои не практикуваат да имаат чудовишта во гробиштата, а во исто време на поле ви дава special повикано чудовиште со 2500 напад.

Вториот ефект е кошмар за многу од актуелните јаки шпилови како Lightsworn и Blackwings и општо шпилови кои обожаваат да манипулираат со гробиштата како Zombies. Значи вториот ефект бара да користите equip spell на оваа карта т.е. да пратите една equip spell карта закачена на оваа карта во гробишта и така имате за право да отстраните од гробиштата на противникот до три чудовишта. Во исто време, Guardian Eatos ќе го појача својот напад за 500 за секое отстрането чудовиште до крајот на кругот. Со тоа Guardian Eatos ќе има напад до 3500 и ќе нанесе голема штета на противничките гробишта. Оваа карта очекувам да биде доста играна и да најде свое место барем во side deck-овите.
Archlord Kristya
Archlord Kristya е уште една карта која има одличен цртеж, но и одлична статистика. Темата Fairy во овој формат доби уште една моќна карта. Можноста за special summon-ирање секогаш е добредојдена. Може да се special summon-ира кога имаме четири Fairy чудовишта во гробиштата (потсетува на Judgment Dragon). Секогаш добредојдено, а Fairy темата има можност за манипулирање со бројот на чудовишта во гробиштата.
Сега ефектот кој вреди злато. Никој не може да special summon-ира. Ова е кочница за Gladiator Beasts, Zombies, Lightsworn и Blackwings и горе доле сите декови кои сакаат да напаѓаат со многу чудовишта. Како екстра ефект е и фактот кога оваа карта на било кој начин е пратена од поле во гробишта, таа се враќа на врв на шпилот и набрзо ќе ја имаме повторно на располагање. Оваа карта исто така е и од Light атрибутот, што ја прави комаптибилна со Honest, па заедно со нападот од 2800, ја прави и тешка за отстранување од полето за битка. Карта која очекувам да има големо влијание во текот на метагејмот.
Blackwing – Silverwind the Ascendant
Blackwing-Silverwind the Ascendant е новиот „тешкаш“ во арсеналот на Blackwing темата. Оваа карта е иста во повикувањето како другите Blackwing Synchro-а, па нема некоја тешкотија во повикувањето. Таа исто така може да се повика и со Vayu од гробишта, со што им дава на Blackwing уште еден boss со напад од 2800.
ST
Сега за неговиот ефект кој вели дека кога ова чудовиште доаѓа на поле може да уништиш до две чудовишта со одбрана која е помала од нападот на Blackwing-Silverwind the Ascendant. Ова во превод значи дека може да збрише се што може да се најде денес во игра. Како екстра има ефект кој вели дека наредното Blackwing чудовиште што треба да биде уништено нема да биде! Се на се, Blackwing темата доби многу јак нов Synchro кој ќе го посакуваат Blackwing играчите.
Fortune Ladies & Reptilianne
Ова беа некои од поинтересните карти кои се среќаваат во оваа едиција, а воедно се и поретки за наоѓање. Сега да ги разгледаме двете нови теми на чудовишта кои излегоа. Тоа се Fortune Ladies и Reptilianne.
Fortune Ladies се многу интересни карти кои имаат „?“ за напад, а нападот е условен од нивното ниво помножено со одредена бројка. Во основа колку подолго седат на поле, толку потешки станауваат за уништување. Сите тие имаат и екстра ефект, кој најчесто се активира со присуство на друга карта од оваа тема и варира од уништување на противничка spell или trap карта, до забрзано влечење. Се на се, многу интересна тема која има доста интересни играчки опции, за која излегоа и интересни карти за поддршка.
Reptilianne се тема на карти кои се вртат околу „0“ напад на противничките чудовишта. Нивните ефекти варираат од намалување на нападот при напад и одбрана на противнички чудовишта како и ефкети кои преземаат чудовишта на противникот кога имаат 0 напад. Оваа тема има доста потенцијал и се очекуваат многу интересни карти да излезат за неа.
Се на се, Stardust Overdrive ни донесе многу интересни нови карти, кои сигурно ќе ја збогатат играта и ќе ги размрдаат шпиловите во блиска иднина. На сите среќници кои се снабдиле со некои од овие карти, нека уживаат во нивното играње.
До наредната недела и наредната тема, иновирајте и уживајте во играњето...