|
|

Историјата на Равенсбургер почнува во 1883 година кога младиот продавач на книги, Ото Маер, го потпишал првиот договор со писател и решил да основа издавачка куќа во југозападниот германски град Равенсбург. По првите неколку едукативни изданија, Маер решил целосно да се посвети на идејата дека играта го стимулира развојот на децата. Набргу била основана компанијата Ото Маер и била издадена првата друштвена игра Пат околу светот. Играта била многу квалитетно изработена, а се базирала на популарната книга на Жил Верн. Во следните неколку години биле објавени стотици книги и друштвени игри. Денеска компанијата Ото Маер прерасна во интернационалниот трејдмарк познат како Равенсбургер. Едукацијата и забавата остануваат примарната цел во развојот на сите производи на Равенсбургер. “Читање, учење, играње, смеење - тоа е Равенсбургер“. Сложувалките се релаксирачки. Сложувалките се предизвик. Сложувалките бараат концентрација. Сложувалките ни помагаат да ги раздвижиме прстите и да го одржиме умот во форма. Половина завршена сложувалка е отворено прашање, заврши ја и ќе добиеш чувство на големо задоволство. Англиски географ исекол мапа на многу прачиња за да ја користи како средство за учење во 1760 година и тоа се почетоците на денешните сложувалки. Цели 250 години подоцна, концептот на таа прва сложувалка може да се забележи во новата сложувалка на Равенсбургер „Историска мапа на светот“. Со 18.240 парчиња покрива површина од 5 метри квадратни и е најголемата произведена сложувалка во светот. Кога некој ќе помисли на сложувалки, помислува на Равенсбургер. Десет милиони кутии излегуваат од фабриките на Равенсбургер секоја година!
|
|
Категории
|
|
|